Избегнат директен судар, на воз полн со мигранти и патнички воз

Петар Печков

Избегната е железничка несреќа  утрово на станицата Рајко Жинзифов, близу Велес.  Воз полн со мигранти од Гевгелија за Табановце и патнички од Скопје за Гевгелија ги делело десетина метри од  директен судар и трагедија, откако се нашле на ист, трети колосек.   Тоа се случило околу 8 часот, кога на  станицата влегле два патнички воза.

Возот со мигранти стоел на железничката и чекал вркстување со друг патнички  воз од Скопје. Но како се случило засега е непознато, возот кој сообраќа на редовната линија кон Гевгелија  влегол на железничката на истиот колосек каде стоел електормоторниот.  Машиновозачот го вклучил системот за брзо кочење, иако и тој возел споро оти влегува на станица каде треба да земе патници и сопрел десетина метри подалеку од другиот воз    - велат вработени од железница.  Инцидентот го потврдија и од раководството на МЖ Инфраструктура.  

Избегнат директен судар на два патнички воза, откако едниот поминал на црвен сигнал, изјави за МИА портпаролот на МЖ Инфратсруктура Невзат Мамути.

Според него немало никакви последици,  повредени  патници или оштетувања на возовите, а стручни екипи биле на терен и го испитуваат случајот. Четири часа поради нивната истрага беше во прекин железничкиот сообраќај од Скопје кон Велес и обратно. Поради ова патничкиот воз од Велес кој напладне требаше да тргне за Скопје, доцнеше 60 минути. 

На оваа железничка станица на 15 декември 2013-та дојде до железничка несреќа, кога два воза се удрија еден во друг, иако возеле во ист правец. Машиновозачот на патничкиот воз не го видел знакот стој, по  што продолжил и удрил во товарниот. Од ударот имаше неколку полесно повредени патници. 

  на неколку километри од станицата Рајко на 29 јануари 1946-та е случена  најтешката сообраќајна несреќа на македонските пруги. Воз полн со патници  кој од Велес возел до Скопје, удрил во одрон на карпи, при што имало 15 мртви и 30 тешко повредени. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати