Зоран Џорлев со квартетот Македонска душа, и концерт за помнење

Петар Печков

Во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес синоќа беше одржан концертот насловен  „Македонска душа“ на квартетот на маестро Зоран Џорлев, а во чест на претстојниот празник Илинден. Концертот беше дел  од манифестација  „Топол културен бран“

Маестро Зоран Џорлев со својата виолина и својот квартет пред велешани настапи со обработки на македонски изворни стари песни, односно дел изворни и дел обработки. За крај остави интересна обработка на класика преплетена со македонска изворна музика. Ова ги воодушеви присутните.


Среќен сум што и јас како солист учествувам и сум дел од овој значаен културен бран, потенцира Џорлев. Тој настапи со квартетот МАКЕДОНСКА ДУША - состав од веќе познати реномирани уметници освен  Џорлев (виолина и тамбура), членови се  Бајса Арифовска (кавал, ут, виолина и клавијатура) Ратко Даутовски (перкусии) и Наско Џорлев (гитара и тамбура) 

Интересно е што маестро Зоран Џорлев уште од своите почетоци во кариерата во 1988/89 година  настапува на виолина изработена од велешкиот и македонски  врвен мајстор  за виолини Светозар Богдановски.

Џорлев потенцира дека има две виолини изработени од Богдановски, а од кои втората според него е врвна според светските стандарди и затоа е горд што ја има виолината на која настапи и на синоќешниот концерт во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати