Здравата иднина е наше право - протест на болните од дијабетес

Петар Печков

Попладнево со син круг од балони околу споменикот на Рацин, во центарот на градот, членовите на Здружението на лица со дијабетес „Шеќерче -Лилипоп“ Велес го одбележаа 14 ноември Светскиот ден на оваа болест.

На овој  начин за кратко го свртеа вниманието на јавноста кон болните, но и кон проблеми со кои  се судруваат и во секојдневниот живот и во здравствениот систем.  

Мотото на одбележувањето беше „Здравата иднина е наше право“.  Беа прочитани и барањата за подобрување на животот на лицата со дијабетес.

Стоп за дискриминацијата на децата во градинките и училиштата. Таму да се воведат едукативни работилници, предавања за подигање на јавната свест за дијабетесот.   Вoведување  на европска пракса за набавка на инсулин и соодветна терапија за дијабетесот. Да бидат достапни новите групи  на иновативни лекови,  долго делувачките инсулини и сетови. Воведување на практиката   инсулинската аптека сама да требува соодветна количина на  инсулин  и терапија – рече Димче Велев претседател на Здружението на лица со дијабетес „Шеќерче -Лилипоп“.  

Тој нагласи дека изминатиот месец, октомври, се судрувале со сериозни проблеми за обезбедување на  инсулин. Според проценките на здружението во општината  има 6 илјади лица со оваа болест или  13,5 отсто од вкупниот број жители. Загрижувачки е податокот  што дури 20 се деца на возраст до 15 години. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати