За тешка кражба во црквата Св. Спас 4 години и 10 месеци затвор

Петар Печков

Кавадарчанецот   Влатко  Илиев  доби  4 години и 10 месеци затвор, затоа што ја ограбил црквата Св., Спас во Велес. Тој е осуден за кривичното дело тешка кражба и му е судено во отсуство.  

Настанот се случил  на 3-ти јануари годинава во  временскиот период од 16,00 часот до 6,00 часот наредниот  ден. Илиев   ја оштетил МПЦ-ОА  Повардарска Епархија  во вкупен износ од 4.400,00 ден.

Според обвинението  со шрафцигер ја отворил влезната врата од капелата во кругот на црквата и од  каде  одзел два копачи. Потоа  со шрафцигерот го скршил стаклото од продавницата за свеќи од јужната страна на црквата и направил отвор со димензии 35 х 70 см. низ кој влегол во продавницата. Од бирото одзел пари во износ од 400 денари.

Потоа на повеќе места во црквата  барал пари и нашол во дрвена каса за доброволни прилози, при што одзел 3.000 денари. Во  канцеларијата на свештениците, во фиоката од работното биро, пронашол и одзел 1.000 денари.  

Илиев  е во бегство од затворот од Штип каде има   останато за до издржување казна затвор од 11 години и 13 денови, за што се бара со потерница на МВР. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати