За браќата Кантурови 21 и половина година затвор, за обид за убиство над полицаец

Петар Печков

Браќата Кантурови, Јохан (32 год), Орхан (30 (год) и Мустафа (29 год) од Велес  добија вкупно 21 година и шест месеци затвор за убиство во обид над полицаецот Ердинч Мемедалиев.   

Судијата Шефшет Адеми од Основен суд Велес,  ги прогласи за виновни и им изрече затворска казна, на Јохан од седум и пол години, додека Орхан  и Мустафа добија по  пет години затвор за убиство во обид и три за  напад на службено лице при вршење наработи од безбедноста, или во единствена од по седум години. Пресудата не е правосилна.  Настанот  се случи на 2-ри февруари годинава, на гробиштата во црквата Св. Спас во Велес, околу 10 часот.

Оштетениот Мемедалиев беше застрелан со три куршуми во телото, во пределот на стомакот, од неговиот пиштол кој обвинетиот Јохан му го одзел. Според обвинението тој со колешка, во цивилна облека бил на терен за д се откријат сторители на кривични дела, за кои граѓаните често реагираа. Додека Јохан пукал во полицаецот, неговата колешка, второ и трето обвинетиот Орхан и Мустафа ја држеле за да не може да му помогне.  Обвинителката Аделина Станинова во завршен збор побара казна, која ќе биде примерна за делото кое е сторено.

Во последно време во земјава се случени повеќе напади на службени лица, полицајци и затоа треба да се изрече казна, која  ќе биде санкција ќе ги спречи идните.  Полицајците во овој случај постапувале по писмена наредба, на критично место, фаќање на сторители на кривични дела, иако биел во цивилна облека - рече Станинова.

Акцијата на полицијата доаѓа по повеќето случаи на напади на граѓани кои ги посетувале гробните места на најблиските, при што биле цел на физички напади и разбојништва. Им биле одземани пари, мобилни телефони, чанти, накит а не кои жени дури им биле оштетени ушните школки кога биле напаѓани и одземани обетките.

Тројцата браќа Јохан, Орхан и Мустафа одрекоа дека  се чувствуваат виновни. Во нивното сведочење, тврдеа дека во критичниот момент биле под дејство на опијати, Јохан под дејство на силни лекови а Орхан и Мустафа пушеле марихуана, а  биле иритирани дека отштетените ги следат и пазат. 

Нема правен основ  на мојот клиент да му се суди. Него може да му се суди за убиство на миг, бидејќи тој нема намера, нема мотив.  Средбата била случајна. нема утврдено кој прв пукал, не е земена парафинска ракавица од полицаецот Мемедалиев- рече Борче Стојанов, бранител на прво обвинетиот Јохан Кантуров.   

Полицајците во нивната акција не се идентификувале. Кога се случил инцидентот, двајцата обвинети повеќе мислеле на оштетениот полицаец, отколку на себе. Па му помогнеле да стане, да се среди - рече адвокатот Ане Василковски, бранител на Орхан и Мустафа Кантурови.  Сите тројца остануваат во притвор, до правосилноста на пресудата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати