За Бричкова и Прчиова чешма

Петар Печков

 Како дошло името за Бричкова чешма

Спроти чешмата седел некој Бричко, така му било името. Тогаш немало вода во  овој дел немало вода за пиење и се носело од Којник , од Црономесница, од кај Боро тишлерот. Тоа над јаворот на Којник, се носело со  кофи, стомни.. Тогаш му  текнало на Бричко,   да се ископа вода од Којник до сега Бричкова. Се копало и се плаќало по два  пет денари од ден, сиромаштија. Големи пари било тоа. Се јавиле доброволци и ископале, донел вода. Чешмата  била со корито. Ископале, поставиле од Вила Зора, печени ќумци и водата потекла.  И така по Бричко, кој дал пари да се донесе вода, чешмата го добила името Бричкова чешма.   

 За Прчиова чешма 

До неа, седел некој Прчето, не Љубе, оти тоа било пред 200 години. навечер се седело, играло, муабет се правело.    Се играло оро, многу народ се собирало.  И така станало Прчиово буниште. А по некое време кога се изградило чешма, стана Прчиова чешма.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати