Започна со работа фабриката за текстил ,,Лутекс,,

Петар Печков

Започна со работа  фабриката ,,Лутекс,, германска инвестиција за производство на индустриски и технички текстил во погоните на поранешна  „Нонча  Камишова“. Во компанијата има 50 вработени, а плановите се до крајот на годината бројот да вработени да се дуплира, до 100. Сопственикот на СТС Текстајл, изјави дека ова е нивна прва  инвестиција надвор од Германија.

Текстилната опрема која ја имаме е една од најсовремените  кои што воопшто некаде се користат во светот. Со самото воведување на одделот за инспекција  и надзор, имаме една од најиновативните и   најефективни компании за ткаење воопшто во светот. Во наредните пет години планираме да се прошируваме, меѓу кои најважен е одделот за шиење – изјави Маркус Туч сопственикот на  СТС Текстајл.

Германската компанија  претходно ја најави намерата за инвестирање во февруари минатата година сакајќи да инвестира во Демир Хисар, но подоцна е донесена одлука фабриката да се отвори во Велес. Произведуваат  индустриски текстил, кој ќе се користи во индустријата за мебел, во индустријата за чевли, во армиските униформи, полициски униформи, разни заштити од тероризам на луѓе и на се она што треба да се заштити.

Ќе биде исто така користен и за седишта на автомобили и на места каде што е потребен индустриски текстил. Германската инвестиција досега изнесува 3 милиони евра. Производите ќе се  извезуваат во Полска, Германија, Италија и Франција.  

На почетокот на работата на фабриката беше присутен и вицепремиерот на Владата Владимир Пешевски.
Не се работи за супер модерен нов погон, туку за  погон кој го враќаме во функција. Тоа е исто така значајно како и  сите  нови  инвестиции. Овие погони кои некогаш работеа ќе добијат нов циклус – изјави Пешевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати