Започна да се исплатува кредитот кон Светска банка

Петар Печков

 Започна исплатата на кредитот кон Светската Банка,кој општина Велес го зема во 2011-тата година.  Тој е во износ од 42 милиони денари. Досега се исплатени две рати, лани во август и годинава во февруари. Остануваат за плаќање уште 14 рати, секоја  е во висина од 2.625.000 денари.   

Се исплатуваат по две рати, ануитети  во текот на годината во иста висина 2,6 милиони денари главница заедно со каматата. Вкупната сума  за која општината се задолжи е 42 мил. денари со грејс период од три години, кои изминаа лани летото.  Отплатата  е на  осум години  со ЛИБОР камата. 

Преку надоместокот за  комуналии, за изградената водоводна  мрежа, кои ќе го плаќаат  сопствениците на парцелите, ќе се полни локалниот Буџет од што ќе имаат корист сите граѓани и општината а кредитот сам ќе се врати - е објаснувањето за исплатата на долгот.  

Поголем дел од средствата собрани од продажбата на четири парцели на езеро Младост, наменети за изградба на мотели,  кое се случи неодамна, со 80 отсто се изворен приход на Општина Велес.  

Oд предвидените средства  за замена на уличното осветлување во износ од 23.580.373,  минатата година се потрошени 22.168.238 денари.

Oд предвидените средства лани за изградба на водоводниот систем  во износ од 10.975.000 лани се потрошени  10.960.234 денари. Останатите се потрошени во 2013-та година Ова се податоци од годишниот извештај за работа на општина Велес. 

Средствата се искористија за изградба на водовод до езеро Младост и замена на уличните светилки со штедливи

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати