Започнаа подготовките на две нови претстави во велешки театар

Петар Печков

Театарот  „ Јордан Хаџи Константинов Џинот“ започна со подготовки на две премиери од годинашнава продукција, поддржани од Министерството за култура.  

Првата е ,,Театар, љубов моја“ на бугарскиот  автор Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски. Пиесата „Театар, љубов моја“ Валери Петров ја напишал во 1981 година специјално за двете големи актерки на бугарскиот театар Тања Масалитинова и Славка Славова.

Текстот е поставен  на сцената на повеќе бугарски и европски театри и влегува во историјата на театарот како една од најубаво напишаните декларации на љубовта кон театарот. Неговата постановка во Велешкиот театар е и негова праизведба на македонската театарска сцена.

Во претставата настапуваат актерките Кети Борисовска, Талија Настова, Зорица Панчиќ и Кица Ивковска. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Раде Василев, а автор на музиката е Сашко Костов. 

Втора продукција  е драмскиот текст „Син портокал“ на британски автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски.  „Синиот портокал“ е саркастична комична пиеса, која се осврнува на расата, менталната болест и британскиот живот во 21-виот век.

Во центарот на пиесата се двајца психијатри кои се обидуваат да се справат со млад шизофрен пациент. Неговата постановка во Велешкиот театар е и негова праизведба на македонската театарска сцена.

Во претставата настапуваат актерите Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. Сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов.

Премиерната изведба на  двете претстави од велешки театар ги најавуваат за  крајот на месец март, можеби за 27 март , Светскиот ден на театарот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати