Започнаа градежните активности за мостот во Богомила а се гради и патот од Гостиражни кон Богомила

Петар Печков

Во село Богомила во општина Чашка почна изградба на нов мост во кој ќе бидат вложени 15 милиони денари, а за кој активностите треба да бидат завршени за една година, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Зоран Китанов, кој со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изврши увид на активностите за изградба на регионалниот пат Чашка- Лисиче.

Така стариот мост во населбата, кој има културно и историско  значење би се сочувал, бидејќи преку него возат камиони натоварени со дрва за огрев од шумскиот масив но и камења од бројните каменоломи. Поради тоа во повеќе наврати жителите на Богомила протестираа и со жив штит го бранеа мостот.  

Од другата страна, од прилепско Долнени, се работи на рехабилитација на патот за Гостиражни,  Црнилиште, Петле. Досега е завршен 30 отсто од вкупните 6,5 км. вредни 50 милиони денари. За истата сума до година ќе се гради пат од Богомила кон Петле, со што жителите на Азот ќе имаат можност да патуваат кон Пелагонија директно. досега тие за да стигнат до Прилеп, мораа да патуваат преку Велес и Кавадарци. 

Од минатата година преземаме активности за подобрување на инфраструктурата. Минатата година беше завршен патот од Чашка до Стари Град, Богомила – Согле, а во моментов се работи патот од Чашка до Лисиче во должина од шест километри, а Значи, од сите страни општина Чашка оваа година комплетно ќе ја рехабилитираме инфраструктурно, рече Китанов. Се очекува патот Чашка – Лисиче да биде комплетно завршен наредната година.  Од есен во оваа Општина ќе се рехабилитира патот до село Горно Врановци. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати