Жителите на историското Горно Врановци оти се во заштитено подрачје, не можат да ги легализираат куќите и да добијат струја

Петар Печков

Жителите на селото Горно Врановци  се огорчени што државата на им дозволува да ги легализираат дивоградбите. Поради тоа, тие  не можат да добијат електрична енергија во нивните домови.  Надлежните објаснуваат дека причината е што селото, поради историските настани од НОБ во  1944-тата е прогласено за заштитена зона. 

Не можеме струја да си донесеме дома. Поради дотраеноста без малку сите куќи се обновени, проширени, поправени. Такви има 30-тина  само уште 4-5 се стари. Иако десетина  години бараме да бидеме легализирани нашите барања не се разгледуваат - велат жителите на селото, кои вчера за ова директно му се пожалија на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, при посетата на Општина Чашка.  Во селото живеат околу 300 жители а има и основно училиште.

Проблемот е специфичен, бидејќи во заштитено подрачје не смеат да се легализираат објекти. Ќе ги разгледаме сите опции, како тие да дојдат до струја, ќе разговараме со Министерството за култура, со ЕВН, со општината  се со цел да  им помогнеме - рече министерот Сугаревски.  

Поради тоа што во селото има четири спомен куќи од НОБ каде во текот на 1944-та престојувало и работело раководството на НОБ, тоа е прогласено за културно наследство. 

Имаме четири објекти кои се во заштитено подрачје и ќе се обидеме  правно само нив да ги заштитиме, за да можат другите да се легализираат - додаде Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати