Есенско засадување на стотина дрвја низ Велес

Петар Печков

Bо тек е есенското засадување на млади садници дрвја, на повеќе локации низ Велес.   РЕ  паркови и зеленило при ЈКП Дервен во изминативе денови   засади  15 листопадни дрвја во Градскиот парк, 16 листопадни дрвја во паркот пред Општина Велес, 5 листопадни дрвја  на улица  АСНОМ, 22 листопадни дрвја кај Железничка станица, 9 зимзелени дрвја во паркот кај Офицерскиот дом,  37 зимзелени дрвја на  ул. Индустриска. 

Според надлежните идеално време за засадување на садници дрвја било во есен и поради тоа овој период од годината  се врши голема акција.  Потсетуваат да не се оштетуваат и да се чуваат новите садници на дрвја. 

Останува, според  најавите од ЈКП Дервен  да се засадат листопадни и зимзелени дрвја и на спојот на ул. Благој Ѓорев и ул. Живко Фирфов, по  улица  Луј Пастер, во паркот Каршијака, како и дополнителни садници од дрвја во Градскиот парк, паркот пред Општина Велес, паркот кај Офицерскиот дом и ул. АСНОМ.

За одбележување е што по повеќе години, конечно се засадија нови садници дрвја на  местото од исушените липи, спроти управната зграда на Жито Вардар. Просторот таму беше долго време празен. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати