Езеро Младост за одмор или ѓубриште (фото)

Петар Печков

Посетата на втората плажа на езерото Младост, денес, четврток во попладневните часови го прикажа ужасот кој може да го создаде гостинот. Не секој, туку некои  од нив.

Тоа што го донеле, некои наши сограѓани тука  и го оставиле. Лоша слика, реа, мирис на лубеница, или човек да посака побрзо да си замине. 

Има ѓубре и од  денес и од претходните  денови. Знам бидејќи оваа седмица сум секојдневно. Значи никој не го чисти, корпите се полнат. Лубеницава е од пред еден час. Јадеа и  ја оставија. Секој ден  е иста  слика, само се надополнува и надградува. А ова крпиве и постелнината што е оставена, немам зборови како да сама себе си објаснам  - вели луто велешанка која  беше присутна на оваа плажа на попладневен одмор.  

Како и  да е грдата слика  што сами ја оставаме, не може никој да ја смени. Но потребно е почесто собирање на сметот во овие летни денови, со оглед на бројноста на гостите.  Слични фотографии неодамна се појавија и од долниот тек на реката Бабуна, каде имаше преполни контејнери со смет.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати