Едни чистат други фрлаат каде стигнат

Петар Печков

Откако локални власти исчистија четири диви депонии, во јавноста остана дилемата за слична на  вливот кај реката Тополка во Вардар.  Таа е од неодамна, но сепак е полна со градежен шут. 

Се изненадив како за кратко време освој простор стана дива депонија. Секој викенд доаѓам а сметот е се поголем. Некој започна а други потоа го следат. Очекував дека при недамнешната акција на чистење на диви депонии ни оваа ќе биде опфатена но не се случи. Треба да се превеземе нешто оти купишта смет ќе бидат се поголеми - вели соговорникот. 

Локалните власти  овој простор планираат да се уреди, следната година. А вината за ваквата состојба ја гледаат во некултурата на дел од нашите сограѓани.      

Загрижен сум од нивото на културата на еден дел од сограѓаните.   Во акцијата за чистење на Велес од пред еден месец,  дел од локациите кои беа исчистени, повторно се со градежен шут, диви депонии. Мислам околу Железен мост.   Трошиме пари за вонредно чистење, наместо да ги трошиме за  подигање на нивото на животот во градот, нови улици, тротоари, зеленило.  Кога бев на просторот од вливот кај Тополка пред еден месец не беше така, сега е полно со смет.  Ќе предложам тој простор да се уреди, да се прошири патеката по должина на реката, простор за дружење и рекреација а просторот  на почетокот да биде паркинг, за да можат посетители пеш да продолжат да шетаат по оваа убавина -  кажа Коцевски.

Градежен шут се фрла и во кантите за смет, реагираат од ЈКП Дервен. Честа е појава граѓаните при изведба на градежни активности во своите домови градежниот шут да го оставаат во контејнерите за комунален смет поставени по градските улици, иако тие се наменети само за складирање на комунален смет. 

Возилата со кои се собира комуналниот смет не се наменети за собирање на градежен шут - собирањето на градежен шут со овие возила предизвикува чести дефекти кај возилата и ја намалува ефективноста на службата.По изведба на било каква градежна активност градежниот шут да го носите на депонијата за градежен шут која се наоѓа на ул. Благој Ѓорев во н. Тунел, и која е наменета за складирање на овој тип на отпад. Со ова ќе дадете свој придонес  за почист и поуреден изглед на нашиот град. -апелираат од ЈКП Дервен.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати