Единаесет оздравени и два нови случаи на лица со ковид 19 во велешко

Петар Печков

Два нови случаи на лица заразени со ковид-19 регистрирани во велешко и 11 оздравени. Ова е здравствениот билтен за изминатите 24 часа, кој беше објавен од Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи во велешко е 248 лица.  
Вкупно се хоспитализирани 63 пациенти,  од кои  48 се потврдени позитивни, шест  сомнителни  и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 40 пациенти. Еден н пациент на 57 годишна возраст е префрлен  во ГОБ 8-ми Септември“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница

Испишани биле пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На Инфективно одлеенине згрижени се   41 во Модуларната болница 16 и на Интерно шест пациенти.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати