Диви депонии ги сардисаа јавните површини околу градот

Петар Печков

Дел  од граѓаните на Велес покажуваат  ниска еколошка свест и  отпадот го оставаат на јавните површини.  Така на  приодите во градот има  диви депонии со смет, грда слика за лошите навики. Локалната власт ги чисти а  неодговорни граѓани ги создаваат. Купиштата смет  ги има на повеќе локации.  Иако Општина Велес потсетува,   граѓаните да постапуваат во рамките на Законот за управување со отпад, да се воздржат од  негово оставање на јавни површини, тоа во пракса не се почитува. Екологистите изненадени  зошто дел од велешани,  постапуваат  така.

„Велешани беа познати по еколошката култура, и затоа не можам да разберам од каде толку диви депонии, зошто таква недисциплина. Можеби треба да се засили казнената политика од страна на локалната власт“ - рече Сашка Коцевска од ЕД Вила Зора.  

Вкупно во 2020-та година собрани се и транспортирани на соодветна депонија повеќе  две илјади  м3 отпад. Минатата година собран е и градежен шут и тоа  во количество од  9.4 илјади  м3, далеку најмногу во однос на претходните години.

Екологистите апелираат до граѓаните, чувајте ја природата.  Во градежниот шут кој е фрлен на несоодветни места, доминира земја и камења. Тој завршува  на јавни површини, иако  градот има одредена локација, каде да се депонира. Градоначалникот најави дека наскоро ќе започне чистењето на овие диви депонии.

„Во тек е постапката за избор на оператор, по што избраниот ќе почне да ги отстранува дивите депонии“ - рече Коцевски.  

И додека општинските власти велат ја растоваривме почвата од градежен шут и габаритен отпад, други за  кратко време природата повторно ја товараат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати