Децата погребани, дилемите останаа, има ли виновник

Петар Печков

На Градските гробишта во Раштани погребани се трите деца кои починаа во пожарот во средата попладне.  Без многу  присутни на овој чин,  прерано заминаа во вечноста Драгана, Петар и Теона. Родителите, братот Стефан, неколкумина блиски, градоначалникот Коцевски, советничката Богоевска Стојанова и неколкумина  од општинските службеници беа  дел од погребната поворка.  

Од друга страна се посилни се барањата за лоцирање на  одговорност, кој е виновен за смртта на трите дечиња. Тие изгореа живи во нивниот дом, каде живееја во супстандардни услови, без вода, струја среда шума и без пристапен пат.   

Велешкото обвинителство најави ќе истражува има ли кривична одговорност кај некого.  Истрагата работи да се откријат причинети како настанал пожарот, како дошло до огнот во куќа каде нема струја.  Од против пожарната единица во Велес објаснуваат дека најчест причинител за пожарот е човекот.

Од Детската амбасада Меѓаши одговорност бараат од Центарот за Социјални работи во Велес, дали и колку се грижеле за ова семејство кое било корисник на социјална помош.  Од таму денес со изјава за медиумите  се јави  социјалниот работник Габриела Гијовска.

Во ноември е направен увид. од тогаш до денес не сме имале информација или пријава од било кого дека  родителите не се грижат за децата. Не е приметено дека има некаква отстапка, родителите се грижат за децата, децата се со нив.    Децата и беа доделени на мајката оти ниту кај таткото немаше подбори услови.  Факт е дека многу семејства во земјава, не само ова,  живеат во услови кои не се соодветни. Но тоа не  е услов децата да бидат одземени од родителите.-рече Гијовска. 

Обвинителството соопшти дека децата кога се случил пожарот биле заклучени сами дома, додека родителите отишле да купат храна од Којник. Семејството преживувало од собирање на пластични шишиња и било корисник на социјална помош. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати