Дервенци понеделнички ударнички (фото)

Петар Печков

Вработените на ЈКП Дервен ја започнаа оваа седмица со три нови активности кои ќе траат неделава.

Ја расчистуваа, косеа и кроеја  вегетацијата  по должината на  пристапниот пат кај езеро Младост, како и пешачката патека околу езерото.

Согласно Програмата за нови зелени површини за 2019 година, Сектор Паркови започна со подготовката на терен за подигнување на зеленило, започнато е поставување на систем за наводнување на спојот од  ул. Благој Ѓорев   со ул. Живко Фирфов. Овде е планирано да се  подигне  дрворед.

Од неделата е во тек вонредното миење на градските улици од прашината наталожена по расфрлањето на ризла во текот на деновите кога имаше снежни врнежи и мраз. Вчера недела се переа улиците. Благој Ѓорев од поранешен Офицерски дом до спој со ул. 8 Септември и ул. 8 Септември до Стар мост.  Денеска се вршеше перење  на кружен тек на влез од Велес, ул. Димитар Влахов и ул. Петре Прличко. Миењето на улици ќе продолжи и следните денови, по сите улици каде може да пристапи камионот цистерна, се додека има повисоки дневни температури.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати