Дербито на Третата лига Југ, ФК Превалец - ФК Локомотива без голови, но со многу картони

Петар Печков

Во 15-тотот коло од Првата футсал лига, синоќа, во салата Гемиџии КМФ Кеги моби, славеше со 7:4 над екипата на КМФ Кратово, која е претпоследна. По ова победа велешкиот тим се изедначи со бројот на бодови, како и КМФ Велес, со по 15.   Во следното коло тие играат со КМФ Мал Ајкас од Штип, кој е последен.  

Во Превалец се доигра локалното дерби, но и дерби според пласманот на табелата, играа лидерот ФК Локомотива и четврто пласираниот ФК Превалец.  Натпреварот кој заврши без голови,  изобилуваше со остри стартови, дуел игра и на моменти доста тензична атмосфера, по што беа доделени два црвени и многу жолти картони. Домаќинот ФК Превалец не реализираше на пенал. По ова реми, ФК Локомотива не е повеќе лидер, падна на второто место, зад ФК Ново Црнилиште со два бода заостанување.ФК Превалец пак со еден бод се искачи за едно емсто и е трет со 31 бод.  

ФК Илинден од Башино село, на гостувањето во прилепско Мажучиште загуби со 3:0 од екипата ФК Младост 1930, која е при дното, единаесетто пласирана.  По ова коло ФК Илинден останува последен 15-ти со пет бодови.

Во следното 17-то коло, се игра утре, среда, ФК Локомотива во Градско ја пречекува екипата на ФК Дојранско езеро која е осма со 17 бодови. ФК Превалец гостува на деветто пласираната екипа на ФК Марена, во истоименото кавадаречко село . ФК Илинден во Башино село ја пречекува екипата на ФК Динамо од прилепско Мажучиште, која е 12-то пласирана со 13 бода.

Започнаа натпреварите од Третата фудбалска лига Исток, каде се натпреварува екипата на ФК Работник од Лозово. Во првото пролетно коло во Василево, тие славеа со 0:4 над екипата на ФК Василево, која е последна со три бода. По ова победа фк Работник и натаму е претпоследен со седум бодови.  И во следното 13 коло ФК Работник гостува, овој пат во Чешиново, против истоимената екипа, која е  седма со 14 бода.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати