Девет факти за Нобеловата награда

Петар Печков

Нобеловата награда, од 1901 до 2013 година ја добиле 847 лица, со просечна старост од 59 години, како и 25 организации. Агенцијата Франс прес објавила
Рекорд во номинации

Рекорден број на номинации за Нобелова награда за мир е постигнат оваа година, со 278 номинирани. Имињата на сите номинирани ќе бидат објавени за 50 години.


Одбивање на Нобел

Двајца добитници ги одбиле своите награди. Французинот Жан-Пол Сартр ја одбил наградата за литература во 1964 година, а виетнамскиот премиер Ле Дук То, во 1973 година одбил да ја дели наградата со државниот секретар на САД, Хенри Кисинџер. Покрај тоа, Адолф Хитлер им забранил на тројца германски добитници да ја примат наградата, а тие се: Рихард Кун ( за хемија во 1938 година), Адолф Бутенанд (хемија 1939 г.) и Герхард Домагк (медицина 1939 г.). Советската влада го натерла Борис Пастернак да ја одбие наградата за литература во 1958 година.



Добитници на Нобеловата награда за мир во затвор
Тројца добитници на оваа награда биле во затвор кога ило објавено дека им е доделена: германскиот пацифист и новинар Карл фон Осјецки (1935), опозиционерката на Мјанмар. Аунг Сан Су Чи (1991) и кинескиот дисидент Лиу Сјаобо (2010). Аунг Сан Су Чи отишла во Ослона 16. јуни 2012 година, кога конечно можела да одржи говор и да ја прифати наградата, по повеќе од 20 години откако и' била доделена.

Наjстарите добитници

Американецот од руско потекло, Леонид Хурвиц, на 90 години ја добил наградата за економија, во 2007 година. Тој е најстариот добитник на Нобеловата награда. Тој починал во јуни 2008 година, само по неколку месеци откако му била доделена наградата. Меѓу жените, најстара добитничка е британската писателка, Дорис Лесинг, која во 2007 година, на 87-годишна возраст ја добила Нобеловата награда за литература.

Наjмладиот  добитник

Со 25 години, Британецот Лоренс Браг е најмладиот добитник на Нобел. Тој ја добил наградата за физика во 1915 година, која ја поделил со својот татко Вилијам.

Нобел во семеjството

Историјата на француското семејство Кири е тесно поврзана со Нобеловата награда. парот Пјер и Марија Кири, во 1903 година ја добиле наградата за физика. Во 1911 година, Марија Кири, родена Склодовска, е првата жена која добила Нобел. Тогаш наградата и' била доделена за хемија. Со тоа станала и единствената жена која има две Нобелови хагради. Во 1935 година, нејзината ќерка Ирен Жолио-Кири и нејзиниот сопруг Фредерик Жолио добиле награда за хемија.

Нобел и жените

Од основањето на Нобеловата награда во 1901 година, ја добиле 44 жени, вклучувајќи ја и Марија Кири. Наградата ја добиле 795 мажи. Се чекало до 2009 година, за Нобеловата награда за економија да и' се додели на една жена, Американката Елинор Остром. Наградата за физика ја добиле само две жени до сега, во однос на 191 маж, а таа награда не е доделена од 1963 година.

Наградувани полиња

Победниците на наградата за литература обично пишуваат проза. Во физика најмногу се наградуваат трудови посветени на честичките, а во хемија- на бихемијата, додека во медицината преовладува генетиката. Во економијата, водство има макроекономијата.
Јазиците на Нобел

Англискиот јазик е на прво место како јазик на кој се пишувани книгите кои добиле награда за литература, со 27 добитници, потоа следуваат францускиот и германскиот (13), шпанскиот (11), шведскиот (7), италијанскиот (6), руски (5), полски (4), норвешки и дански (3), грчки и јапонски (2), а претставени се и арапскиот, кинескиот јазик, па дури и окситанскиот (провансалски), кој сега има статус на дијалект.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати