Две втори места за велешките извидници на Државен Извиднички Ориентационен Натпревар

Петар Печков

Сојузот на извидници на Македонија во периодот од 9-11.10.2015 год. во извидничкиот дом “Градовци“ во истоименото село во близина на Зелениково, го организираа годинешниот Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2015.

На ДИОН 2015 учество земаа педесетина извидници и се натпреваруваа во две категории РИОН за постари извидници и РАПИ за помлади извидници. Постарите извидници во рамките на РИОН (Републички Извиднички Ориентационен Натпревар) се натпреваруваа во областа на ориентација и топографијата на непознат терен, прва помош, сигнализација и тестови од повеќе области.

Додека пак помладите извидници во рамките на РАПИ (Републичка Акција за Помлади Извидници) се натпреваруваа во областа на основното ориентирање преку патни знаци, прва помош, пионерство, игри, полигон на спретност.

На ДИОН  2015 во Генерален пласман први беа извидниците од ИПО “Јадран“. Машката екипата на извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес  го освои второто место и  беше во состав: Трајче Темелковски, Благој Ѓоргиев, Мартин Трајков и Љупчо Кузманоски. Втората екипата на извидници беше петта и во состав: Кире Харалампиев, Мартин Голчев, Лазе Каргов и Давид Камчевски.

Во женска конкуренција во категоријата извидници,  велешките извиднички беа втори во состав: Ангела Чејкова, Симона Тодорова, Викторија Ставровска и Емилија Алексовска.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати