Двајца кочанчани починаа откако со автомобил излетаа од автопат кај Село Сопот

Петар Печков

Двајца кочанчани починаа откако паднаа во провалија   длабока 40-тина метри  во близина на велешкото  село Сопот, на автопатот Скопје Велес.  Според МВР сообраќајката се случила во петокот попладне.  

Во 14,30 часот било пријавено дека патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистарски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани - пишува во соопштението на МВР.

Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција.  Телата на  починатите кочанчани ги ваделе пожарникари од ТППЕ Велес. Еден час траело вадењето на телата од провалијата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати