Двајца браќа, велешани, фатени како крадат коли, овој пат во Скопје

Петар Печков

Скопската полиција фатила тројца велешани, како крадат автомобили. Двете лица, браќа, претходно беа фатени на крајот од минатата година, како крадат автомобили во Тетово. Колите ги  краделе па ги  препродавале за мала сума пари.  

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Н.Д. ( 26), С.Д. (19) и Н.Б. (18), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела - “тешки кражби“.

Пријавените најпрво на 31.12.2017 година во периодот од 17.00 до 18.00 часот, на паркинг простор пред зграда на ул. „Бојмија“, одзеле патничко возило „Опел Кадет“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Скопје. Истиот ден на ул. „Ѓорче Петров“ со возилото предизвикале сообраќајна незгода по што го оставиле возилото и побегнале. 

Потоа на 05-ти овој месец во периодот од 15.00 до 17.00 часот на ул. „Никола Карев“ одзеле патничко возило „Застава Југо 55“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.Ј. од Скопје, по што побегнале во непознат правец. Наредниот ден од страна на полициски службеници возилото е пронајдено и одземено од  А.И. (40), кому од страна на пријавениот Н.Д. му било продадено возилото за сума од 5.000 денари. 

Исто така на 08-ми овој месец во периодот меѓу 15.00 до 17.30 часот од паркинг на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ одзеле патничко возило „Југо Корал“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д. од Скопје. Тие го однеле возилото во Тетово каде што се обиделе да го продадат.

Претходно во средината на месец декември, лани, СВР  Тетово  поднесе кривична пријава  против  Н.Д.(25), С.Д.(18), двајца браќа од Велес, за сторени три кривични дела “одземање на патничко моторно возило“.

Двајцата велешани,  ноќта помеѓу 3- ти и 4-ти август  лани  во Тетово, на улица “Јован Ончевски“,  одзеле   возило „Југо Корал“, кое го продале во Струга на  отпад за старо железо.  Потоа   на 3-ти септември во Тетово на улица “Борис Кидрич“, одзеле возило „Голф“, го продале  кој, пак,  го препродал  возилото .  Двајцата браќа, на  12-ти септември во Тетово, во кругот на Клиничка Болница Тетово, одзеле  возилото „Рено 9“, и го продале за 11.000 денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати