Градската библиотека повторно работи, и со само петмина вработени

Петар Печков

Од почетокот на месецов, откако вработените излегоа од самоизолација, продолжи со работа Градската Библиотека Гоце Делчев, откако вработена беше позитивна на ковид-19.  Информација е објавена на веб страницата на ова локална културна институција.

Работното време на библиотеката останува исто како и претходно - од понеделник до петок од 8 до 16 часот. Целосно ќе се почитуваат препораките и мерките предвидени во Протоколот за работа на библиотеките. Задолжително носење лична заштитна опрема на лицето. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства. Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека (средството за дезинфекција е обезбедено од библиотеката). Одржување на физичко растојание од 2 метри. Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел - се задолжителните протоколи, објавија од Библиотеката.

Градската библиотека Гоце Делчев има сериозен проблем со недостаток на вработени, така таа има само пет лица, кои треба да ги осплужуват читателите. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати