Голем интерес за полагање ловечки испит во Велес

Петар Печков

Денес Ловното друштво ,,Руен,, од Велес организираше полагање на ловечки испит, кој се одржа во нивните простории. Голем беше интересот за ова, оти скоро три години немало полагање.

Затоа со часови голем број на потенцијални ловџии чекаа трпеливо да одговараат на прашањата од комисија, која се состоеше од претставник на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и од ловечкото друштво.   

Имаше 150 пријавени од кои 110 беа од велешко и 40 од светиниколско. Со ова започнуваат постапка за да добијат ловечка дозвола и станат ловџии. Тие што успешно ќе го минат овој тест, потоа одат на вториот тест за  балистика. Досега полагањето беше електронски а со измените од лани,   сега е комисиски, како што беше и пред пет -шест години - изјавија  од Ловното друштво Руен од Велес.  

За да може да  полага секој кандидат уплати по илјада денари.  Вториот дел од постапката за станување ловџија, балистиката чини 10 илјади денари а лекарското е две илјади денари. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати