Година и 10 месеци затвор за сообраќајка кај ѓубриште со еден загинат и двајца тешко повредени

Петар Печков

Роберт Кузманов (29 год) од велешко Иванковци, доби една година и 10 месеци затвор оти предизвика сообраќајка во која имаше една  жртва. Тој го призна делото и изрази каење, по што судот го прогласи за виновен и му изрече затворска казна за делото,, Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,, .

Кузманов пред оштетените и блиски на починатата Наташа Петрушевска  изрази сочувство и жалење за стореното. Наспроти тоа оштетениот Благојче Михов пред судот изјави дека е ,,некоректно да  загрозиш три животи да не се јавиш и се извиниш,,.Слушајќи го признанието на вина,  на мајката на починатата Наташа, и се слоши па мораше да интервенира лекарската екипа од Итната  помош.  Бранителот  на обвинетиот, адвокат Андреја Радиноски побара поблага казна оти  Кузманов е невработен, безимотен ,,се издржува од родители кои имаат преку 70 години возраст  и работат земјоделие, за да можат да живеат.

И тој самиот беше тешко повреден, и поради материјалната состојба неговото лекување се уште не е платено во скопските клиники,,.  Сообраќајка се случи на ден  пред Новата 2017-та година, близу ѓубриште, на регионалниот пат Велес- Штип во 6,20 ч.    

Според обвинението Кузманов  управувајќи го автомобил  марка Фиат Пунто  движејќи се во правец спрема Велес,  возел под дејство на алкохол во крвта од 1,36-1,48 промили, поради недржење страна на движење и со брзина неприлагодена спрема својствата и состојбата на патот. Кога дошол на околу 100 метри пред влезот во Велес,  каде е надолнина, почнал да се движи во лево, преминал на левата сообраќајна лента и во тој момент удрил во автомобил  марка Фиат Пунто управувано од оштетениот Благојче Михов  кој се движел по крајната десна сообраќајна лента во правец спрема Штип.

Од ударот Михов се здобил со тешки телесни повреди, исто како и  сопатничката Марта  Петрова која се здобила тешки телесни повреди. Сега покојната Наташа Петрушевска  поради сериозност на повредите била пренесена во болница во Скопје  каде како резултат на здобиените повреди  починала на ден 3-ти јануари 2017 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати