Годинава нема климатска рехабилитација за велешките деца

Петар Печков

Годинава велешки деца нема да  одат на климатска рехабилитација, која се изведуваше поради   загадувањето од Топилницата. 15 години  по ред, преку Друштвото на родители за  грижа за здраво поколение(ДРГЗП) стотина деца од Велес одеа на Пелистер.

Ползата од престојот таму беше евидентна, тврдеа и докторите и родителите на децата.     Преку фејсбук профилот организаторот ДРГЗП се огласи дека годинава нема да има  климатска рехабилитација, која ја финансираше Министерството за животна средина.  

Проектот на ДРГЗП "Климатска рехабилитација", по 15-годишна успешна реализација дојде до својот крај. За жал, оваа година Министерството за животна средина и просторно планирање реши истиот финансиски да не го поддржи. Со самото тоа се оневозможува продолжување на долгата традиција на спроведување на Климатската рехабилитација – пишува соопштението. 

ДРГЗП изразува  благодарност  на сите кои во изминатите години со несебична поддршка  се вклучиле во реализирањето на нашиот проект. Додаваат дека  во случај на самостојно реализирање на проектот, во најскоро време ќе биде соопштена таквата одлука.

Мината година  имаше проблеми при организацијата на климатската рехабилитација, но во последен момент се  најде решение, па   децата на крајот од август седум дена заминаа во Крушево, во одморалиштето Шула Мина. 

Освен децата од Велес на климатска рехабилитација  учествуваа деца од Тетово, село Возарци -Кавадарци и село Миладиновци – Илинден и Осломеј Кичево.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати