Годинава на факултетите во Велес има 425 слободни места

Петар Печков

Зголемен е бројот на места за прва година на Факултетит кои работат во Велес. Годинава како бруцоши ќе се запишат 425 завршени средношколци, дел  редовни  други вонредни.Лани имаше 240 слободни места. Годинава  најмногу има  на ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ  при Универзитетот од БИТОЛА 160, додека најмалку 50 има  на ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД, кој по една година пауза повторно прима нови студенти. Во продолжение бројката на студенти кои ќе бидат примени по распишаниот конкурс. 

 Економски факултет Дисперзирани студии по сметководство и ревизија во Велес  при Универзитетот Св. Кирил и Методиј 

редовни во државна квота  40  со 100 евра партиципација 

редовни со кофинасирање 20 со  100 евра партиципација  

вонредни 20 со 400 евра    

вкупно   80 студенти 

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД со дисперзирани студии во Велес  

 Туризам  во мирување

Осигурување – Велес

редовни во државна квота  30  со 100  евра партиципација

вонредни 20  со  100 евра партиципација          

 вкупно   50 студенти 

ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС 

Прехранбена технологија и биотехнологија – Велес 

редовни 20 со 200 евра партиципација  

редовни со кофинасирање 10 со 400 евра партиципација     вкупно  30 

Нутриционизам – Велес 

редовни 55  со 200 евра партиципација  

редовни со кофинасирање 25 со 400 евра партиципација     

вонредни  25   со  400 евра партиципација        

вкупно   105

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – БИТОЛА со дисперзирани студии во Велес 

Информатички науки и комуникациско инженерство – Велес (информатички науки и пресметковно инженерство, софтверско инженерство, компјутерска графика и програмирање на видео игри, комуникациски технологии, компјутерска форензика, информациски системи, примена на е-технологии, машинска интелегенција и инженерство на производствени системи и ИКТ претприемништво, иновации и менаџмент на мали бизниси) 

редовни  90 со 100  евра партиципација 

редовни со кофинасирање  45  со 100  евра партиципација

вонредни  25   со  400 евра партиципација        

вкупно: 160 студенти

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати