ГРК Борец ќе ги одигра двата натпревари до крајот на сезоната, ветераните не го даваат клубот

Петар Печков

Ветераните на РК Борец се обидуваат да се надмине лошата состојба во клубот и најдоа начин да се одиграат двата натпревари до есенскиот дел на полусезоната, во Супер лигата. Ова откако претходно УО на ГРК Борец поради немање на средства реши  да се откаже. 11 кола велешани играа со младинска екипа и бележеа порази.  Попладнево се сретнаа и се договорија да помогнат клубот до крајот на годината за го заврши натпредувањето а потоа локалната власт да  најде нов Управен одбор.

Двата натпревари неодиграниот со РК  Охрид во Охрид и со Пелистер дома, ќе се одиграат со младинска екипа. Нема да дозволиме клубот да биде казнет со три години настапување и префрлање во најнизок ранг натпревари. Останува само дилемата како ќе бидат наградени младите ракометари кој ги бранеа есенва  боите на ГРК Борец - велат од Ветераните на РК Борец.

Од Општина Велес  по најавите за откажување на натпреварите на ГРК Борец изјавија дека сите 1,5 милиони денари средства за работа на клубот, предвидени со Буџетот за  оваа година се исплатени пред време, пред декември.  Жалат што наместо за младите ракометари заминуваат за тужби. Затоа се подготвени со дополнителни средства да се реши проблемот со тужбите, поточно спогодбено да се решат тие спорови.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати