Второ место за Караколев, Ванов трет на неделната оф роуд трка на Стенковец

Петар Печков

Изминатиот викенд  на патеката кај Стенковец – Скопје се одржа   на третата и последна трка од БМУ ЕВРОПСКИ ЕНДУРО ШАМПИОНАТ.  Членовите на МК   Мото Велес постигнаа одлични резултати во оф роуд.  Во класата   Е2  Виктор Караколев  го освои второто место  во конкуренција на  21 возач, додека Виктор Ефремов беше четврти. Драган Ванов го освои третото место во Е1 во конкуренција  на 18 возачи, со што е трет во генерален  пласман на овој шампионат, додека Самир Бишевац беше четврти. Претходните две  трки од овој шампионат беа во Романија и Грција..

Пораз во дербито на Третата лига Центар за екипата  на ФК  Превалец , која на гостувањето  во  прилепско Обршани загуби со 3.2.  Двете екипи се  во врвот  на  оваа  конкуренција а со поразот Превалец заостана зад водечката екипа на    Вардар Неготино.  Екипата на Бабуна со  високи  6:2 на Градски ја совлада  екипата на Габер. Натпреварот помеѓу последните  две екипи  на табелата Илинден од Башино село и Слога од прилепско Лажани е одложен поради  смртен случај на гостите, ќе  се игра следната среда.    По ова 10-то коло, екипата на Бабуна  е втора со  24 бода,  Превалец е петти с о  19, Илинден БС остана  на  претпоследната позиција.  Во следното 11 коло играат: Бабуна гостува на 12-то пласираната екипа на  Напредок од Крушеане –прилепско, Превалец го пречекува соседот   Големо Коњари од  истоименото село  кој е шести со 16 бода    а Илинден БС гостува на Младост 1930 во Миравци, која е десетта со 7 бода.   

 Заврши есенскиот дел од првенството на   Општинска  фудбалска лига.   Екипата  на ФК Тополка е есенски првак. 

ФК ГОРСКИ - ФК МАРТОЛЦИ 2007 3:2

ФК Интернационал - ФК ТОПОЛКА 5:3

ФК МЛАДОСТ  - ФК СОГЛЕ          3:0 служб.

ФК ФОРЦА НОВА - ФК БАШКИМИ   0:2

 

                             Т  А  Б  Е  Л  А

1. ФК ТОПОЛКА                    7   5  1   1  27: 11    16

2. ФК БАШКИМИ 2008        7   4 1  2   15:  6      13

3. ФК МАРТОЛЦИ 2007      7   4  1  2   20: 15    13

4. ФК Интернационал         7   3  3  1  20: 20    12

5. ФК ГОРСКИ                      7   3  2  2  11:  9       9

6. ФК МЛАДОСТ                   7   2  2  3   7: 10       8

7. ФК ФОРЦА НОВА             6   1  1  4   6: 13       4

8. ФК СОГЛЕ                       6   0  0  6   9 :31       0

Остана да се одигра заоставаниот натпревар помеѓу Согле и Форца нова  

дел од фотографиите се преземени од интернет  порталот  Мотори.мк

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати