Врховен суд ги укина пресудите за предметот ,,Ликвидација,, и го врати на ново судење

Петар Печков

Врховниот суд  постапувајќи по барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за предметот ,,Ликвидација,,  истата ја уважи и ја укина а предметот е  вратен на повторно судење во Основен суд Скопје 1.

Врховниот суд констатирал дека  ,,со не изведувањето на материјални докази, кои содржат детали, кои би можеле да доведат до тоа обвинетиот да биде ослободен од одговорност или неговата казна да биде помала, претставува оневозможување на условите за подготовка на одбраната, и прекршување на Европската конвенција за заштита на човековите права,,.

Или конкретно во овој случај на одбраната  не и било дозволено увид во наредбите издадени за ПИ мерките.  Поточно при презентацијата на ДВД  како доказ, обезбедено со ПИ мерки  на претрес на 6-ти септември 2013-та, адвокатот на еден од обвинетите побарал да се изведат и наредбите за ПИ мерките, што не било дозволено од страна на судијата, со образложение дека наредбите имале својство на државна тајна а присутните немале безбедносен сертификат.  Во образложението на одлуката, Врховен суд се повикува    на три пресуди на Европскиот суд за човекови права. 

Со првостепена пресуда на 10 октомври 2013-та потврдена од Скопска Апелација на 21 ноември 2014,  осуммина лица поврзани со предметот ,,убиството во Ореше,, се товареа за различни кривични дела, кои ги извршиле во периодот 2008 -2009 година. Тие беа прогласени за виновни  за неколку кривични постапки кои се воделе во велешкиот суд, поврзани со убиството во Ореше и  беа осудени на повеќе години затвор. 

Судијата од Основен суд Велес Валентин Зафиров за  кривичното дело,, неовластено оддавање на информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведок,,  и за ,,противзаконито посредување,, доби казна затвор од 2,5 години. Новинарот Томислав Кежаровски за ,, неовластено оддавање на информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведок,,   доби казна затвор од две години.

Обвинителот од велешкото обвинителство  Ивица Ефремов за кривичното дело ,,противзаконито посредување,,  ,,злоупотреба на службената положба и овластување,, и за ,,недозволено изработување  и држење  и тргување со оружје,,  доби единствена казна од три  години затвор.

Пензионираниот судија од Основен суд Скопје 1 Борис Николовски  и  адвокатот Сашко Лазаров за кривичното дело ,,противзаконито посредување,, добија  условна затворска казна  една година затвор и Јане Павловски Тица за ,,противзаконито посредување,, доби  1,5 година.

Во овој предмет беше и  судијата од Основен суд Велес  Илија Танев  кој за кривичното дело ,,злоупотреба на службена должност и овластување,, и ,,примање поткуп,,  доби 2,5 години затвор заедно со Сабедин Џини-Хофман, но  Апелација Скопје уште пред една година нив  ги ослободи.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати