Врачени наградите на меѓународниот стрип салон во Велес

Петар Печков

Со врачување на наградите, започна  15-тиот Меѓународен стрип салон „Велес 2017“.  Првото место на меѓународниот стрип конкурс  им припадна на Хрватите  Фран Струкан  -цртеж и колор и Дарко Мацан – сценарио за стрипот  „Кај саатчијата“.  

На овој конкурс стигнале 191 стрип од исто толку  учесници, вклучувајќи ги Бразил, Аргентина, Мексико..  Од овие пристигнати стрипови, 60 биле дело на македонски автори, што организаторот ,,Стрип центар на Македонија,, го смета за голем успех. 

Радува што масовно учествуваат на овој конкурс ликовните секции од школите во земјава, со нивни стрип изработки. Темите им се социјални  -екологија,  дружење, но добро е  што ги има во голем број – рече Ване Трајков, претседател на   Стрип центар на Македонија .

Признанието ,,Љупчо Филипов,,  за развој и афирмација на македонскиот стрип  го доби штипјанецот Александар Стеванов. Стрип салонот трае три дена,  кога гостите од Белград, Зоран Стефановиќ и Владомир Весовиќ. одржуваат стрип работилници. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати