Вработените од ЈКП Дервен ги чистат тротоарите низ градот (фото)

Петар Печков

Од вчера, екипи на ЈКП Дервен се работно ангажирани во чистење на јавните површини, согласно донесената одлука на Советот на Општина Велес.

Работни тимови на Секторите Комунална хигиена и Паркови од вчера- недела, работат на расчистување на снежните наноси по градските тротоари. Во текот на вчерашниот ден се чистеа тротоарите во централното градско подрачје и пристапниот пат до градската болница, додека денеска- понеделник,  се чистат тротоарите по споредните улици во градот - велат од ЈКП Дервен.

Од Општина Велес, наспроти нивните колеги од соседните општини, Лозово, Градско и Чашка,  кои информираат какви активности преземаат за расчистување на снегот по регионалните патишта, нема информација за активности на општинско ниво.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати