Во 2020-та во велешко зголемен број на починати лица

Петар Печков

Зголемен е бројот на починати минатата година во велешко. Според бројките на издадени дозволи за погреб од страна  на ЈКП Дервен,за градот Велес и селата во велешка општина, без општините Градско и Чашка, во 2020-та година имало  693 починати или за 98 повеќе отколку во 2019-та, кога имало 595. Само во градот Велес лани имало 584 починати или за 78 повеќе од година дена претходно.

Според податоците од ЈКП Дервен за издадени одобренија за погреб, порастот е во втората половина од годината. Во првите шест месеци од 2020 имало 224 починати од нив 206 во градот Велес, за девет месеци имало 404 во општината од нив 345 во Велес.

За илустрација во 2018-та година за Општина Велес биле издадени  528 одобренија за погреб, од нив 473 биле во градот Велес  Податоците се за издадените одобренија се однесуваат за гробните места од двете цркви, новите гробишта во Раштани и за муслиманските гробишта, како и за гробиштата во сите села од велешко.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати