Во 2018-та во велешко собрани 4.459 крвни единици

Петар Печков

Изминатата 2018-та година беше една од поуспешни во крводарителството  во велешко. Според податоците на ОО на Црвен крст Велес, вкупно се собрани 4459 крвни единици за подрачјето на Општините Велес, Градско и Чашка.

Бидејќи крводарителите и од соседната Општина Лозово доаѓаат да даруваат крв на дарителските акции во Велес или во одделението за трансфузиона медицина во Велес бројката е 4620, но од минатата година дарителите од Лозово се водат во Општина Свети Николе.

Со ова планот во велешко е исполнет за 240 отсто, споредбено требало да се соберат 1.861 крвна единица.  Од вкупниот број дарители, 595 лица крв дарувале за прв пат.  Односот на мажите и жените е 3565/892. 

Споредбено во 2017-та биле собрани 4.110 крвни единици, во 2016-та  4.044 крвни единици, а во 2015-та  високи 4.377. Најголема бројка на собрани крвни единици е во 1989-тата година кога во велешко имало 4.622 крвни единици, со која бројка беа  во врвот во Југославија.

Но треба да се знае дека тогаш освен што имало дарители од соседно Лозово и селата кои гравитираат кон него, крв дарувале и голем број на припадници на ЈНА од велешки гарнизон.

За оваа 2019-та првата крводарителска акција е веќе закажана за 9-ти јануари, од 8 до 14 ч. во холот на велешки театар. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати