Во јануари 76 велешани се здобиле со скршеници

Петар Печков

Зимава полни раце работа имаа вработените од одделението за ортопедија во ЈЗУ Општа Болница Велес.  Во периодот од 7-ми јануари до 31 март, период кога имаше врнежи и од снег и дебела снежна покривка, која потоа премина во мраз,  во ова одделение се регистрирани 76 скрешници. Оваа бројка е невообичаена и отскокнува од останатите периоди во текот на годината, но и години наназад.

Имавме зголемена фреквенција на повредени граѓани. Тоа се должи на временските услови, снегот и мразот. Сит тие беа згрижени и со нив се постапуваше согласно протоколите – изјави ортопед д-р Кире Марковски, раководител на одделението за ортопедија и урологија.

Или во месец јануари просечно повеќе од тројца пациенти дневно доаѓале со скршеници.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати