Во продажба се новите две изданија на Стрип креатор

Петар Печков

Во издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Македонија , а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република  Македонија , издадени се две броја од  ревијата „СТРИП КРЕАТОР“.   Тоа се изданијата бр. 25 и  бр. 26

Во своето издавање оваа ревија има непроценлив придонес  во развојот и афирмацијата на македонскиот стрип. Меѓутоа и ова списание е подложно на еволутивни промени кои ќе ја зголемат неговата прифатливост кај стрип публиката во Македонија и пошироко.

Она што дава специфичност  во овие два броја, освен новитетите во неговиот дизајн што е заслуга на Александар Стеванов, секако  е и содржината.
Имено ,покрај запазувањето на традицијата да во оваа ревија бидат претставени наградените и подобрите македонски стрипови од последниот 14 ти Интернационален стрип салон „ВЕЛЕС 2016“ ,внимание предизвикува и текстуалните осврти на Александар Стеванов за женскиот стрип во Македонија ,како и поранешното македонско списание „ИЛУСТРИРАН ЗАБАВНИК“.

Како заложба  за реафирмирање и реактивирање на македонски стрип автори , меѓу другите застапени се   Јорданчо Давидовски(професор од Куманово) како и:Ване Трајков -како сценарист, Мирко Бојаџиевски, Марија Стојановска, Александар Стеванов -како сценарист и цртач,  Оливер Цветковски, Ненад Станчев и доајените Тоде Блажевски и Диме Иванов- Димано.

Традиционално, ревијата „СТРИП КРЕАТОР“ може да се набави  кај издавачот СЦМ –Велес како и стрипарницата „БУНКЕР“ во Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати