Во продавница по еден, во црква за пет денари свеќа

Петар Печков

Од почетокот на минатата година, свеќите во црква се далеку поскапи отколку тие во продавница или на пазар.  Така најевтината свеќа, која задолжително треба да се купи при посета на црквата е пет денари, останати се со повисока цена од оваа, по парче.  

Од овој однос на цените, многумина велешани беа и се се` уште изненадени. ТрМр го праша Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија  МПЦ – ОА, зошто  свеќите во црквите во градот се поскапи.

Најевтини свеќи имаше нашата Епархија. Кога во свеќоливница ги  покачија свеќите, ние веднаш ги покачивме нашите свеќи. Јас не ги покачив, ги покачи производителот. Идете во Скопје,  Битола, Охрид, имаме најевтини свеќи  во Македонија . Не знам како е само во  Струмица. Некој што имаат свои свеќоливници, може поевтино да ги даваат. Реакции имало и ќе има, но и црквата треба да живее. Единствен финансиски  излез за   Богословски факултет, за Средното Богословско училиште се свеќите. Ние од државата не  добиваме ниту денар – изјави Владиката Агатангел.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати