Во вториот уписен рок во велешките средни во прва се запишаа нови 89 ученици

Петар Печков

Во вториот уписен рок, на 24-ти и 25-ти јуни,  во прва година во четирите среди училишта во градот се запишале 89 ученици. 

Во ,,Коле Неделковски,,  примени се 39 или вкупниот број на запишани е 196. Освен за готвач/келнер сите други струки имаат слободни места. Во ова училиште има слободни 399 места.

Во  Хемиска ,,Димитрија Чупоски,, примени се нови 31 ученик во прва година и вкупниот број на запишани е 144 а имаше 238 слободни места. Слободни места има за сите  струки освен фармацевт и медицинска сестра.

Во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, примени се десет нови ученици, по пет во паралелките на македонски и албански јазик  или вкупно 128 од 204 слободни места. Настава во прва наесен ќе следат 106 ученика на македонски јазик и 22 на албански јазик.  

Во економското училиште ,,Јовче Тесличков,, преми се девет нови ученици со што во прва година вкупната бројка стигна до 33 а има слободни 170 места. 

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.

Во прва година во четирите велешки средни училишта имаше 1011 слободни места. Годинава деветто одделение во седумте основни училишта во велешко завршија 464 ученици, а заедно со општините Лозово, Градско и Чашка  617.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати