Во велешката Гимназија повторно спортска паралелка, годинава за фудбал

Петар Печков

Во велешката Гимназија е во тек уписот на ученици за спортската паралелка. Таа е дел од Спортската академија со седиште во Скопје.  Така по пауза,од  две години од есен повторно ќе има специјализирана паралелка, годинава таа ќе биде за фудбал.

Во распишаниот оглас од пролетва немаше дисперзирана  спортска паралелка  во Гимназијата, но со измените и дополнувањата на конкурсот извршени од Министерството за образование, во две училишта,  во Велес и во Гостивар беа доделени    спортски паралелки, за прва година, за наредната учебна година- кажа Гоце Алексовски, директор на велешката Гимназија Кочо Рацин.  

Уписот е во тек, а изборот е по пат на селекција. Уписот е во зградата  Гимназијата, се пријавуваат ученици од Велес и Повардарјето. Спортската академија од Скопје, нејзин тим ќе го направи изборот на учениците, тие кој ќе ги задоволат критериумите а дел од тестирањата ќе се изврши на Градски стадион.  Досега се пријавиле 26 ученика, завршени деветто одделенци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати