Во Чолошево иако нема дозвола за работа, има забрана, работи металска работилница

Петар Печков

Дел од жителите на село Чолошево реагираат на  работилница која се наоѓа близу селото и која изработува метални конструкции. Истата според жителите немала дозвола за работа и ја загадува животната средина. Селото е познато по градинарските и земјоделски производи кои се одгледуваат во здрава и чиста животна средина а со работата на работилницата, таа се загрозува.  

Браварската работилница работи подолго време иако нема дозвола. Кога се прскаат конструкции, мирисот на бојата се чувствува по селото. Не зачудува како тоа се изведува без никакви дозволи и стандарди. Ако така работи секој , како му текне каде одиме - велат незадоволните жители на Чолошево.     

Од локалната власт објаснуваат дека подолго време работат на решавање на проблемот со работилницата.  Поранешниот инспектор за животна средина бил таму и констатирал неправилности.  

Известени сме за случајот. Извршен е  увид  на лице место, во работилницата. Издадена е забрана за вршење на дејност.  Очигледно дека тие што требало да ја почитуваат забраната продолжиле да работат и  надлежните државни органи треба да преземат мерки како не почитувачи на забраната, како вршители на дејност  и  како загадувачи - кажа градоначалникот Аце Коцевски.  

Откако за овој проблем, со работа на металската  работилница, која немала дозвола за работа, се  актуализираше, таа деновиве паузирала со работа. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати