Во Македонија извидништвото е во подем

Петар Печков

Извидништвото во земјава има се поголем број следбеници, членови. Ова е начин младите да го променат, побегнат од   модерниот, современ начин на живот. Ова беше кажано на одбележувањето на 65 годишнината од извидничкиот одред ,,Димитар Влахов,, од Велес, најстариот во Македонија.  

На наша среќа,  последниве 5-6 години Македонија  барем во Европа е хит организација, бележи многу добар развој и напредок, што е  исклучок од другите сојузи. Зборувам за оние од Балканот и Источна Европа.  Сојузот на  извидници на Македонија последните години не само што се развива по големина по број на членови,  туку  има и нови одреди во региони каде што претходно ги немало. Живот во природа, кампување е привлечно за младите  -посочи  Јордан Бајрактаров   директор  за организациски развој  на Светска скаутска организација. 

За овие шест  ипол децении низ редовите на извидниците во градот минале 37 илјади членови. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати