Во Велешка Болница изведен операција на артроскопија на рамо

Петар Печков

Денес во Велешката Болница беше изведена операција на  пациент со   т.н. ,,смрзнато рамо,, или неможност да го движи рамото во ниеден правец. Ова е новина која започнува да се применува во Општата Болница во Велес.  Ја изведе проф. др. Златко  Темелковски од скопските Клиники  заедно со др. Зоран Арсовски ортопед од велешка Болница . 

Се работи за  мини инвазивни методи  или еднодневни хируршки интервенции, со кои рехабилитацијата на пациентот се скратува на  многу кратко, нема потрошен материјал,  не е  отворена хирургија,туку со ендоскопски  методи кои не бараат  посебно долготрајно лежење, по што пациентот оди дома. Крварење при зафатот скоро и да нема  - објасни др. Темелковски. 

Додаде дека е  подобро  докторот да дојде кај пациентот, отколку пациентот да трча по скопски клиники  и да биде на листи за чекање.  Најави дека наскоро ќе започнат да работат  лигаметарни трансплантации  и скочен зглоб.  

Директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес  Димитар Стровјаноски  кажа дека освен на клиника во Скопје,  ваков оперативен зафат  е изведен во велешка Болница  а наскоро започнуваат со ендопротези на колк.  Додаде дека  на урологија  се обновува апаратура, на влезот од зградата  се подготвува центар за ургентна медицина, променета била  водоводната мрежа стара пет децении  во цела Болница а продолжува во инфективно одделение. 

Оперативниот зафат го изведоа др. Златко  Темелковски заедно со ортопедот др. Зоран Арсовски. Тој рече дека е задоволен што ја продолжува соработката со др. Темелковски  која започнала во текот на неговата специјализација.

За прв пат работиме артроскопија на рамо  во велешка Болница, сме работеле артроскопија на колено. Тоа е голем момент и за мене и за оваа здравствена институција. Имаме многу пациенти кои се упатуваат на клиники во Скопје, често се случува. Тоа е состојба после повреда, некој вид компликација - рече др. Арсовски.   

Директорот Стровјаноски  кажа дека разговарал со министерот Филипче за негова идеја.

Поентата е матичните гинеколози кои иако се приватни, да им ги отвориме вратите на установата, да можат да вршат интервенции кај нас, конкретно ,,царскиот рез,,. Ако некој матичен гинеколог води бременост кај пациентка и ако во текот  видел дека може нешто да се случи, да ја планира за оперативен зафат, бидејќи и приватните гинеколози имаат лиценца , зошто тој да не го изврши тој зафат кај нас - објави др. Стровјаноски.      

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати