Во Велес започна снимањето на филмот ,,Ослободувањето на Скопје,, (фото)

Петар Печков

Со трката на веслачи помеѓу германските и бугарските офицери, започна снимањето на филмот ,,Ослободувањето ан Скопје,, на  Раде Шербеџија.  Почетокот на снимањето предизвика голем интерес кај велешани, кои со внимание го следеа процесот. Згора на тоа петок во Велес е пазарен ден, што придонесе за уште повеќе народ да присуствуваат на локацијата каде беа првите кадри, од Мало мовче до Стар Мост.

Денес не им се погоди времето, дува северот. Да беше како во  четвртокот, сончево и топло ќе беше супер, вака цел ден на сет ќе се разболат помладите – вели еден од родителите на децата кои учествуваат во снимањето на филмот. Повеќе од стотина велешани се ангажирани како статисти  во филмот, од германски, бугарски италијански офицери и војници, преку тогашни  локални моќници и власти, свештеници до обичен народ. Сите тие ја следеа веслачката  трка. За таа цел куќите покрај Вардар помеѓу двата моста во несекојдневен и невообичаен декор. Со германски, бугарски и италијански знамиња, со кои граѓаните ги поддржуваа веслачите.

Некој да им понудел дека ќе веат вакви знамиња во живото, убеден сум дека ќе одбиеле. Ама сега за потребите на филмов, се е можно. Па дури и од зградата на Епархијата се веат. Сите се во функција на филмов. Расправаме со колегите зошто ако е  ослободување на Скопје, не го снимаат во Скопје. Велат пријателите дека со новиот изглед на главниот град и галиите по Вардар, таму може да се снимаат  средновековни филмови  – вели постар велешанец.  

Постарите стравуваат како сабота на Задушница ќе стигната до црквата Св. Спас , да оддадат почит на починатите, оти пристапот кон неа е само преку една улица, се друго е затворено.   Пазарџиите пак имаат стеснет простор за продажба. Локацијата на Градскиот пазар каде се продаваше зеленчук на големо сега е празна, за случајно да не влезат во кадар и продавачите и купувачите.

И денес и недела ќе мора да наоѓаме друго место за продажба. Ни рекоа дека таму каде што бевме не  ќе можеме да продаваме. Ајде ќе издржиме два пазари, само нека биде филмот. Не е мала работа Шербеџија да го најде баш Велес а ние сега да се буниме – вели еден од продавачите на зарзават на големо. 

Северниот ветер најмногу  им пречеше на веслачите, кои мораа да веслаат по вардар на кратки ракави. Згора на тоа реката која година и повеќе не беше така надојдена, деновиве бележи високо ниво низ Велес.

Пет-шест пати ги вратија за оваа сцена. А Вардар голем, забележувам на момчињата, иако се веслачи,  не им е лесно да  веслаат низводно. Дури и сите капии од кајак патеката по реката се отстранети, толку се внимаваше на детали. И куќите покрај реката  што има современи уреди, сателитски, ер кондишн ги сокрија. И галаријата кај мало мовче ја избелија од графитите – вели велешанец кој трепливо од 8 часот утрото бил тука за да гледа како се одвива снимањето. Снимањето во Велес ќе трае до понеделник вечер, до кога има и изменет режим на сообраќај.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати