Во Велес започна вакцинацијата против ковид-19

Петар Печков

Од утрово започна вакцинацијата против ковид-19 и во Велес. Пунктот за вакцинација е во Здравствен дом Велес, каде претходно се вакцинираа лицата против сезонски грип, во поранешната ушна амбуланта. Вакцинацијата се извршува со „АстраЗенека“.

„ Вакцинацијата започна во 8 часот и ќе се извршува до 18 ч. , овие три дена, од денес до петок. Се вакцинираат лица над 77 годишна возраст, кои се пријавиле преку „Мој термин“ - кажа Николче Димовски, директор на Здравствен дом Велес.

 

Во неделата во земјава стигнаа 24.000 вакцини на „АстраЗенека“, а за лицата над 75 години ќе се искористат 20 илјади.

„Вакцинацијата се одвива без проблеми, до 14,30 ч. вакционирани се 60 лица, кои се пријавиле во „мој термин“. Засега само двајца не дојода да се вакцинираат. На сите кои се вакцинираа им го закажуваме и вториот термин,  тоа е по 84 дена, согласно правилникот кога се ревакцинираат со „астраЗенека“  - кажа д-р Кевица Клифова, која заедно со д-р Светлана Црнушева и медицинските сестри се задолжени за вакцинацијата против ковид-19 во Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати