Во Велес, Ром бил попишан како не- Ром

Петар Печков

Граѓанското движење „АВАЈА“  реагираше за случај во Велес, кога бил прекршена постапката и процедурата за попишување.   За ова од „АВАЈА“ посочија во писмено соопштение.

„Во текот на спроведување на пописот конкретен попишувач не ја извршувал својата работа согласно правилата за попишување на пописот, особено во делот на пополнување на информациите кои се однесуваат на  религија, јазик и етничка припадност. Лицето кое било попишано од страна на конкретниот попишувач, сведочи за неможност да ја изјасни својата ромска етничка припадност“ - пишува во реакцијата.

Според „АВАЈА“ лицето кое се попишало јасно истакнало дека сака да биде попишан како Ром на пописниот лист, меѓутоа конкретниот попишувач навел дека не може да го најде делот наменет за релија, јазик и етничка припадност во пописниот прашалник.

„Пописот завршил без лицето да биде попишано како РОМ! Во овој случај истакнуваме дека станува збор за  наполнување или неточно пополнување и прикривање на податоците внесени во пописниот лист што претставува казниво дело и акт кој повикува на преиспитување на податоците внесени во пописната апликација од страна на конкретниот попишувач“ - констатираат од „АВАЈА“.

Затоа тие бараат:
Конкретниот попишувач во Велес да биде отстранет од позицијата попишувач;
Конкретниот попишувач соодветно да сноси одговорност, Законот за попис (2021) член 49 наведува дека ваквите случаи се казнуваат со казна затвор од најмалку 3 години;
Внесените податоци во електронскиот пописен прашалник од страна на конкретниот попишувач да бидат класифицирани како неупотребливи податоци и попишаните лица повторно да бидат попишани.

„АВАЈА“ истакнува дека злоупотребата на позицијата попишувач не треба да се толерира и дека Државниот Завод за Статистика треба да пронајде начин како да не се појавуваат злоупотреби во текот на спроведувањето на попис, но и како тие злоупотреби да бидат поправени.

Потсетуваат  дека Аваја спроведува кампања за значењето на пописот и допринесува за генерално спроведување на пописот, меѓутоа секоја злоупотреба ќе биде комуницирана до јавноста.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати