Воз удри во џип, на преминот Керамидна

Петар Печков

Вчера попладне околу 17 ч. на железничкиот премин од пругата Велес- Битола,  Керамидна, кај фабриката Киро Ќучук дошло со сообраќајна незгода, во која за среќа има само материјална штета, повредени нема.  МВР со детали за инцидентот.

Случена е железничка незгода помеѓу  патничко возило БМВ со италијански регистарски таблички управувано од Џ.Е. (48 год) од Долно Јаболчиште и товарен воз. Предизвикана е материјална штета, повредени лица нема - информираа од МВР.

Поради незгодата железничкиот сообраќај на релација Велес- Битола бил во прекин од 17 до 19,40 часот.  Од лица кои се затекнале по незгодата таму, кажаа дека во автомобилот  црн џип марка ,,БМВ,, кој возел од правец на Велес кон фабриката, имало и две малолетни деца.

Го прашавме возачот дали треба помош, тој се заблагодари. Немаше повредени освен преплашени деца - рече соговорникот.  Од МЖ информираат дека преминот е обезбеден со ликовна - сообраќаен знак ,,андреин крст,, светлосна и звучна сигнализација, кои во моментот на доаѓањето биле во исправна состојба и покажувале дека доаѓа воз.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати