Воз удри во автомобил кај Порцеланка, повредени нема

Петар Печков

Утрово, понедленик  2-ри јули , околу 8:00 часот, пред влезот на поранешна Порцеланка, на обезбеден железнички премин, со сообраќајни знаци, случена е сообраќајна незгода. Воз удрил во автомобил кој доаѓал од правец на Чашка кон Велес. 

На Железничкиот премин кој се наоѓа на pегионалниот пат Велес-Извор во населба Порцеланова случена е  сообраќајна незгода помеѓу ПА марка „Фолксваген-Туран“ со велешки рег. бр. управуван од С. М. (23 год ) од Мелница и патнички  воз кој  сообраќал на релација  Велес-Битола,  управуван од машиновозач  С.М.(49) од Скопје. Во незгодата нема повредени лица,  само е причинета материјална  штета - информирааа од СВР Велес.

Возачот имал среќа  бидејќи возот удрил во него а покрај оштетувањата на автомобилто, С.М. минал нез повреди.

Во текот на вчерашниот ден неделата  попладне пројаден е мртов велешанец на улица. И тоа кај фонтаната кај кружниот тек на Авона.

Околу 16.15 часот во СВР-Велес, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 16 часот на ул. „Благој Ѓорев“ било пронајдено тело на непознато машко лице. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, а телото на починатиот било испратено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција. Утврден е идентитетот на починатиот, се работи за З.С. (53) од Велес - информираа од МВР. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати