Возовите без возен ред

Петар Печков

Железничката станица во Велес  е пуста и празна, невообичаено за зеленичкиот патнички јазол  во земјава која до минатата година имаше најголем број патници.  Последните денови патниците тврдат дека нема возен ред, тој што е на снага безмалку е надвор од употреба.  Редуцирани  железнички линии, возови кои повеќе не сообраќаат, други не застануваат на станицата во градот. Тоа резултираше со одлив на велешани, кои се одлучија да користат автобус или услугите на дивите таксисти.  

Вечера  требаше да заминам со возот напладне за Скопје, имам испит во два попладне а кога дојдов на железничка разочарување, воз нема. Ниту стигнал утрото во 9 од Скопје ниту се врати назад. Морав да плаќам такси до Автобуска и од таму за Скопје да стигнам на време - вели млад велешанец студент.

Слична судбина имале уште 30-тина лица. На нивните прашања немало кој да им даде одговор, зошто возот го нема.  Еден од патниците требало да патува до најблиската станица Рајко, која е за 10 минути возење. Но  морал да чека следен воз во 14,30ч. Друг патник кој редовно се вози со Македонски железници пак ги набројува линиите кои се откажани, редуцирани.

Возовите од Гевгелија не застануваат на железничка во Велес, полни се со бегалци. За да не се случи некој да побегне возот продолжува до српска граница, нема застанување. Возот за Битола напладне е откажан. Поранешен експрес Пелагонија сега запира на секоја станица. Тој тргува од 17ч од Скопје патува до Битола и веднаш се враќа назад за Скопје. Во Велес е некаде кај 23,30 ч. Се случува експресот од Гевгелија да не дојде, оти имало многу бегалци на пругата во меѓу гранична зона и за да не дојде до некој инцидент, не влегува во Македонија. Сообраќаат  утринските возови и тој кон Кочани и толку, останатото е неизвесно - вели работник кој секојдневно е на релацијата до главниот град и назад.  

 Од Железничката станица во Велес за одговор упатуваат кон ЈП МЖ транспорт. Од таму тврдат дека проблемот настана откако   Главниот штаб на Центарот за управување со кризи одлучил    превозот на бегалците мигранти низ Македонија  да се врши со возови.

Поради ова расположливите вагони и композиции биле  упатени кон Гевгелија, каде секојдневно по четири гарнитури ги пренесуваат бегалците од Грчката до Српската граница.  ЦУК одлучи дека ,,од безбедносни и здравствени причини како за бегалците така и за локалното население, основен транспорт  за мигрантите бегалци да биде железницата,,.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати