Возач од Србија починал на пат до Болница

Петар Печков

Српскиот државјанин М.К.( 57 год) од Крагуевац починал додека бил пренесуван до велешката Болница. Причините за смртта, која не била од насилство, ќе се истражува, велат од велешката полиција. 

Во неделата  во 14 ч. во СВР Велес било пријавено дека во Медицинскиот центар Велес починал М.К.(57) од Крагуевац, Република Србија. Тој, најпрвин побарал и му била укажана лекарска помош во  приватната амбуланта во Градско, по што на негово барање со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар Велес, каде починал. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од медицинскиот центар -соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес 

По наредба на Јавен обвинител, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека пациентот кога бил донесен, веќе бил мртов.

Возачот М.К. со камион , заедно со друг негов колега возач, транзитирале низ Македонија, кога се пожалил на болки во близина на Градско, каде побарал и лекарска помош.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати